Раководството на јапонскиот производител на мотори Хонда ја разгледува можноста за формално враќање во шампионатот во Формула 1, во 2026 година.
Хонда официјално се повлече од Ф1 на крајот на 2021 година, но моторите на јапонската компанија ги користат тимовите Ред Бул и Алфа Таури.
Британските медиуми потсетуваат дека јапонската компанија се уште официјално не се обврзала да се врати во Ф1 во 2026 година.
„Засега би сакале внимателно да следиме во кој правец се движи Ф1. Немаме конкретни одлуки дали ќе се вратиме во Ф1 во 2026 година“, изјави претседателот на Хонда, Који Ватанабе.
Тој рекол дека новите правила за моторот се во согласност со корпоративната стратегија на Хонда.
Во август минатата година, ФИА одобри нови регулативи за мотори за Ф1 болидите за 2026 година.
Тимот на Ред Бул ја освои титулата во последните две години со моторите на Хонда.