Хосе Хуан Фигуерас со десет одбрани го урна Реал Мадрид

Хосе Хуан Фигуерас со десет одбрани го урна Реал Мадрид

пред 3 години

Хосе Хуан Фигуерас на 41-годишна возраст ги дочека своите пет минути на слава. Ветеранот, беше клучниот играч, во сензационалниот триумф на Алкојано, против Реал Мадрид, во Купот на Шпанија.

Фигуерас зад себе има кариера долга 23 години, интересно, во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал (Ла Лига), бранел сами еднаш, во дресот на Селта. Токму во овој клуб од Галиција, Фигуерас, ја започна својата кариера во 1997 година.

Кариерата, Фигуерас, ја градел во Втората и Третата шпанска лига. Три клуба чии член бил повеќе не постојат (Гранада 74, Агуилас, Сиудад Мурсија), а бранел и за Луго и Елче.

Фигуерас, на залезот од кариерата, го одигра натпреварот на кој ќе се сеќава додека е жив. Против ѕвездите на Реал, прими еден гол, а успеа со десет одбрани да го однесе својот тим во осмина-финалето на Купот.

Share
Scroll to Top