Хрватска го доби дербито со Србија

Хрватска го доби дербито со Србија

пред 3 години

Хрватска победи во балканското дерби, против Србија со 14:12 (5:3, 1:1, 4:4, 4:4) , на ватерполо турнирот, на Олимписките игри во Токио. Во пресрет на последното коло, Хрватска има три победи и пораз, а Србија две победи и исто толку порази.

Воведните минути од натпреварот покажаа во која насока ќе се движи натпреварот. Хрватите ги реализираа првите три напади, поведоа со 3:0 и 4:1. Србите играа лошо во одбраната, а во нападот немаа решение за извонредниот голман Бијач, кој на крајот имаше речии 55 отсто одбранети удари.

Србија успеа да фати приклучок на две минути до крајот на третата четвртина, кога израмни на 8:8, но од тој момент Хрватска одговори со серија од пет гола и го реши прашањето на победникот.

Во последното коло Хрватска ќе игра против Шпанија, а Србија ја чека уште едно дерби, против Црна Гора.

Share
Scroll to Top