Хрватска остана без виза за Токио, Србија против Италија ќе се бори за место на ОИ

Хрватска остана без виза за Токио, Србија против Италија ќе се бори за место на ОИ

пред 3 години

Кошаркарите на Хрватска нема да играат на Олимписките игри во Токио. На квалификацискиот турнир во Сплит, Германија го порази домаќинот со 86:76. За пласман на ОИ Германците утре ќе се борат со Бразил. За разлика од Хрватите, Србите досега ја искористија предноста на домашниот терен. Во полу-финалето тие го победија Порторико со 102:84 и за место во Токио ќе се борат со Италија.

Хрватите, против Германија загубија добиен меч, на нешто помалку од осум минути до крајот имаа предност од 10 поени, на шест минути до крајот водеа со осум разлика, кога започна серијата на Германија.

Германците до крајот направија серија 19:2 и го добија натпреварот.

Маодо Ло со 29 поени (18 во првото полувреме, 11 во последните седум минути од мечот) и осум асистенции ја предводеше Германија. На спротивната страна на Хрватите не им помогна ниту Бојан Богдановиќ кој постигна 38 поени.

Србите во Белград, против Порторико, имаа проблем само во првата четвртина. Во вториот дел создадоа двоцифрена предност која не ја испуштија.

Василије Мициќ со 21 и немања Бјелица со 18 поени ја предводеа Србија до победата.

Share
Scroll to Top