Хрватска обезбеди злато и сребро на тенискиот турнир во Токио, во машки двојки. Пласман во финлето обезбедија Марин Чилиќ и Иван Додог, односно Мате Павиќ и Никола Мектиќ.
Трет пат во историјата, а прв пат по 113 години, финале на олимпискиот турнир ќе играат двојки од иста држава. Во Сент Луис, во 1904 година на турнирот учествуваа само американски тенисери, додека во 1908 година во Лондон, доминираа Британците.
Чилиќ и Додиг, во првото полу-финале, за нешто повеќе од еден час игра, убедливо ги поразија Даниел и Венус од Нов Зеланд со 6/2, 6/2.
За златото тие ќе се борат со сонародниците Мектиќ и Павиќ.
Победниците на Вимблдон, против американската комбинација Крајчек/Сандгрен, на теренот минаа 81 минута и славеа со 6/4, 6/4.
Финалето во машки двојки ќе се одигра утре.