Хумелс: Не сме фаворити, но можеме да ги победиме сте натпревари

Хумелс: Не сме фаворити, но можеме да ги победиме сте натпревари

пред 3 години

Матс Хумелс, во пресрет на Европското првенство, изјавил дека иако не е меѓу фаворитите, Германија може да ја освои титулата.

Германија се наоѓа во најтешката група на првенството, заедно со Франција, Португалија и Унгарија. ЕУРО 2020, Германија ќе го отвори во вторник со дуелот против Франција.

„Сакаме да ја освоиме титулат, затоа сме овде. Не сме фаворити, но знаеме дека можеме да победиме на сите натпревари на турнирот“, рекол Хумелс.

Европското првенство е првото големо натпреварување на кое учествува Германија по дебаклот што го доживеа на Светското првенство пред три години. Во Русија, Германците испаднаа во групата.

„Чувството е поинакво него на Светското првенство. Сега сме на вистинскиот пат, се чувствува единството, сите сме подготвени да се жртвуваме за тимот“.

ЕУРО 2020, ќе започне во петок со натпреварот Италија-Турција.

Share
Scroll to Top