Хумелс ја смести топката во сопствената мрежа – Франција-Германија 1:0

Хумелс ја смести топката во сопствената мрежа – Франција-Германија 1:0

пред 3 години

Матс Хумелс немаше најдобро враќање во германската репрезентација, откако си постигна автогол во 20. минута на големото дерби од групата Ф помеѓу последните два светски шампиони, Германија и Франција, носејќи им на Французите водство од 1:0.

На „Алијанц арената“ во Минхен, Хумелс, кој беше вратен во репрезентацијата од Јоги Лев оваа година по пауза од речиси три години, по едно нафрлање на Лукас Ернандез лежерно ја смести топката во голмот на Мануел Ноер.

Share
Scroll to Top