Хјустон со Харден го победија Сан Антонио

Хјустон со Харден го победија Сан Антонио

пред 3 години

Џејмс Харден конечно се појави во тимот на Хјустон Рокетс. Тој играше во контролниот натпревар против Сан Антонио Спарс (112:98), а по мечот ги заобиколи новинарите. Харден настојува да го напушти тимот, тој по завршувањето на сезоната побара трејд во Филаделфија или Бруклин.

„Брадата“ со неколку килограми повеќе, на теренот мина 21 минута, постигна 12 поени. Натпреварот го обележа тешката повреда на младиот бек на Хјустон, Крис Клемонс, кој ја скина Ахиловата тетива. Младиот плејмејкер ја заврши сезоната која ќе започне на 22.декември.

Инаку, најефикасни кај Хјустон беа Вол и Меклемор со по 15 поени, додека Спарс ги предводеше Вокер со 17 поени.

Сакраменто Кингс со минимална разлика ги совладаа Голден стејт Вориорс 114:113. Стеф Кари со 29 поени беше најефикасен играч на натпреварот. Кајл Гај се истакна кај Сакраменто со 20 поени.

Филаделфија убедливо славеа над Бостон Селтикс 108:99. Најдобрите играчи на Селтикс (Тејтум, Смарт и Браун) заедно на теренот минаа само 22 минути. Филалделфија ја предводеа Милтон со 19 и Ембид со 18 поени.

Share
Scroll to Top