Циципас без мака во трето коло, таму се и Зверев, Фоњини, Иснер…

Циципас без мака во трето коло, таму се и Зверев, Фоњини, Иснер…

пред 3 години

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас (5-ти на АТП листата) без поголеми проблеми обезбеди пласман во третото коло на грен слем турнирот Ролан Гарос. Тој предмалку со максимални 3-0 (6-3, 6-4, 6-3) славеше против Шпанецот Педро Мартинез (103-ти на АТП листата).

Иако грчкиот ас загуби четири поени на свој сервис, сепак квалитетот беше пресуден за нов максимален триумф без загубен сет, по стартните 3-0 против Шарди во првото коло.

Претходно пласман во следната рунда на париската земја обебедија Германецот Александер Зверев кој со 3-0 беше подобар од рускиот тенисер Сафиулин. Зверев во два од трите сета мораше да игра тај-брејк против 182. на АТП листата.

Пласман во следна фаза имаа ветеранот Џон Иснер кој со 3-0 го совлада Србинот Крајиновиќ, исто така на двапати играјќи тај-брејк, но денеска без грешка беше Италијанецот Фоњини по 3-0 против Унгарецот Фучович – (7-6, 6-1 и 6-2).

Еве ги резултатите од сите останати досега завршени натпревари на машкиот дел од турнирот:

Делбонис – Андухар 3-2
Ѓере – Кецмановиќ 3-2
Руд – Марчак 3-0
Лаксонен – Баутиста Агут 3-1
Давидович Фокина – Ван де Занхулп 3-2
Качанов – Нишикори 2-3

На женскиот дел од Ролан Гарос без поголеми изненадувања, ова се постигнатите резултати:

Зидансек – Брендл 2-0
Кирстеа – Тревисан 2-1
Касаткина – Бенчич 2-0
Синиакова – Кудерметова 2-1
Тан – Вондрусова 0-2
Херцог – Гарсија 2-0
Колинс – Калинина 2-0
Бадоса – Ковиниќ 2-0
Азаренка – Тусон 2-0
Фернандес – Кејс 0-2
Павличенкова – Томљановиќ 2-0

Во тек е мечот на Американката Серена Вилијамс против Романката Бузарнеску.

Share
Scroll to Top