Црна Гора ја исфрли Словенија од Европското првенство!

Црна Гора ја исфрли Словенија од Европското првенство!

пред 2 години

Црна Гора, предводена од фантастичниот голман Небојша Симиќ, успеа да се квалификува за втората рунда на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако во драматичен меч со 33:32 ја победија Словенија и го освоија второто место во групата во која е и Македонија, која вечерва игра со првопласираните Данци.

Словенија направи три гола разлика во првото полувреме (16:19), меѓутоа Црногорците се вратија во второто, и во последните минути прво израмнија, па потоа дојдоа во водство. Бидејќи им беше доволно и реми за второто место поради подобрата гол разлика, тие предводени од двата одбранети пенали на Симиќ на Маргуч стигнаа до 33:32 победа.

Во другите групи, Хрватите очекувано со 38:25 ја декласираа Украина, и сега ќе го следат вечерниот меч меѓу Србија и Франција, каде што на Србите ќе им треба голема победа за да ја елиминираат Хрватска.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА, 3.КОЛО

ГРУПА А

Црна Гора – Словенија 33:32 (16:19)

Македонија – Данска 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Украина – Хрватска 25:38 (13:18)

Франција – Србија 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Е

Босна и Херцеговина – Шпанија 24:28 (14:12)

Чешка – Шведска 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Словачка – Русија 27:36 (9:19)

Литванија – Норвешка 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top