ЦСКА пак лесно против Фенер, на една победа од Фајнал фор

ЦСКА пак лесно против Фенер, на една победа од Фајнал фор

пред 3 години

На сличен начин како во првиот натпревар, ЦСКА Москва го надигра Фенербахче во последната четвртина за да победи со 78:67 и да поведе со 2:0 во четврт-финалната серија од Евролигата.

Со ова, актуелниот шампион од елитното европско натпреварување е на чекор до Фајнал форот, бидејќи ниту еден тим не загубил четврт-финале по 2:0 водство.

Даниел Хакет имаше 14 поени и 9 асистенции, Торнике Шенгелија додаде 11 поени и 7 скока за „Армејците“. Никита Курбанов имаше 10 поени, но ја постигна клучната тројка за 75:65 водство на 1:51 пред крајот, комплетирајќи ја 13:6 серијата на ЦСКА во последните минути од мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=4jM_Yt48IvU

Share
Scroll to Top