ЦСКА ја прекина серијата на Баерн

ЦСКА ја прекина серијата на Баерн

пред 3 години

Актуелните шампиони од Евролигата, ЦСКА Москва ја прекинаа одличната серија на Баерн Минхен со 89:81 победа на гости во 10-тото коло за да се искачат на третото место на табелата, зад Барселона и Баерн.

Баерн одигра прво полувреме, сопирајќи ги Џејмс и Клајбурн, но во второто полувреме се покажа искуството и моќта на „Армејците“ за шеста победа во 10 кола. Никола Милутинов беше одличен со 18 поени и 12 скока, Мајк Џејмс додаде 25 коша, додека кај тимот на тренерот Тринкиери, Болдвин имаше 19 поени, Рејнолдс заврши со 18.

Анадолу Ефес, пак, ја надмина лошата прва четвртина за на крајот да слави со убедливи 105:77 на гостувањето кај Химки. Кринослав Симон во првото полувреме имаше 18 поени, за мечот да го заврши со 24 поени, додека Шејн Ларкин полека се враќа во форма со 20 поени, а Тибор Плајс броеше 18. За Химки, Мики и Тима имаа по 13 поени, а Алексеј Швед само 9.

ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО

Химки – Анадолу Ефес 77:105 (30:29, 21:29, 12:28, 14:19)

Басконија – Панатинаикос 93:72 (20:23, 26:16, 20:19, 27:14)

Баерн Минхен – ЦСКА Москва 81:89 (17:18, 22:18, 21:18, 21:25)

Share
Scroll to Top