Чалханоглу, сепак, останува во Милан?

Чалханоглу, сепак, останува во Милан?

пред 3 години

Ѕвездата на Милан, Хакан Чалханоглу, сепак, ќе остане со „росонерите“, тврдат италијанските медиуми откако турскиот репрезентативец објави фотографија со 10-ката на Милан на социјалните мрежи.

Договорот на Чалханоглу завршува во јуни 2021 година и тој може да преговара со други клубови, по што се тврдеше дека Јувентус се подготвува да го „грабне“ еден од најдобрите играчи на своите ривали.

Сепак, тој во исто време продолжи да преговара со Диаволо, и сега, повеќе италијански извори тврдат дека работата е завршена.

Share
Scroll to Top