Чезаре, Паоло, сега Даниеле – Семејството Малдини влезе во историјата на италијанскиот фудбал

Чезаре, Паоло, сега Даниеле – Семејството Малдини влезе во историјата на италијанскиот фудбал

пред 2 месеци

Фудбалерот на Монца, Даниеле Малдини дебитираше за италијанската репрезентација во Удине, на натпреварот против Израел (4:1) во четвртото коло од групата А2 на Лигата на нации.

Даниеле е трета генерација на семејството Малдини кој дебитирач за сениорската репрезентација. Претходно, неговиот дедо Чезаре и таткото Паоло беа репрезентативци на „Аѕурите“.

23-годишниот Малдини дебитираше во 73.минута кога влзе на местото на Џакомо распадори.

Локалните медиуми јавуваат дека ова е првпат во историјата дедо, татко и син, односно три генерации фудбалери од едно семејство да играат за италијанската репрезентација.

„Неверојатно, позитивно чувство. Среќен сум што добив шанса да дебитирам. Драго ми е што моите родители имаа можност да го следат натпреварот од трибините. И на крајот најважно е што победивме“, изјави Малдини по мечот.

Даниеле Малдини како и неговите дедо и татко започна во Милан, играше како позајмен во Специја и Емполи, а од пваа сезона е во Монца. Тој во јули годинава потпиша двегодишен договор со Монца.

Неговиот татко Паоло Малдини играше за првиот тим на Милан од 1984 до 2009 година. Паоло Малдини за италијанската репрезентација играше од 1988 до 2002 година на 126 натпревари и постигна седум голови.

Дедото на Даниеле, Чезаре, во кариерата играл за Триестина, Милан и Торино, додека за италијанската репрезентација одиграл 14 натпревари од 1960 до 1963 година. Чезаре Малдини почина во 2016 година.

Share
Scroll to Top