„Чеканите“ си заминаа со три поени од Лидс

„Чеканите“ си заминаа со три поени од Лидс

пред 3 години

Вест хем бргу го заборави 1:3 поразот од Манчестер јунајтед, стигнувајќи до камбек 2:1 победа на гостувањето кај Лидс за да се искачи на петтото место на табелата.

Дуелот на „Еланд Роунд“ не започна најдобро за тимот на Дејвид Мојс – Матеуш Клих уште во осмата минута ги донесе Лидс во водство со гол од пенал, но Томаш Соучек со гол со глава израмни во 25. минута. Анџело Огбона во 80-тата минута, повторно со гол со глава ги обезбеди трите поени за Вест хем.

„Чеканите“ се на петтото место на табелата со 20 поени, додека Лидс со само една победа во последните шест меча се на 14. место со 14 поени. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски доби шанси само во првото полувреме.

Share
Scroll to Top