Челси го декласираше Милан, Борусија со луда победа во Севилја

Челси го декласираше Милан, Борусија со луда победа во Севилја

пред 2 години

Челси го доби Милан со 3:0 во дербито на вечерашната програма во Лигата на шампиони, која ни донесе убедливи победи на Манчестер сити и Борусија Дортмунд, рутини на Јувентус и Реал Мадрид, но и само реми за ПСЖ на гостувањето во Португалија.

На „Стемфорд Бриџ“, новиот менаџер Греем Потер, конечно, го доби тоа што го посакуваше откако Челси стигнаа до убедлива победа над Милан. Весли Фофана во 24. минута го отвори резултатот по мешаница пред голот на „росонерите“, пред во второто полувреме, Пјер-Емерик Обамејанг да стрела во 56. минута од мечот за негов втор гол во два меча. Рис Џејмс во 62. минута зголеми на 3:0, ставајќи крај на надежите на гостите дека можат да приредат камбек.

Борусија Дортмунд, слично како Наполи вчера против Ајакс, стигна до неверјатна 1:4 победа на гости кај Севилја, зголемувајќи го притисокот на тренерот Хулен Лопетеги. Првото полувреме на „Писхуан“ беше катастрофално – Рафаел Гереиро во 6. минута донесе водство за гостите, Џуд Белингем во 41. минута зголеми на 0:2, за Карим Адејеми само две минути подоцна да постигне гол за 0:3. Ел Несири им ја врати надежта на Севилја во 55. минута, но Јулијан Бранд во 75. минута зголеми на 1:4.

Во Манчестер пак, Сити стигна до нова убедлива победа, овојпат со 5:0 над Копенхаген, откако неверојатниот Ерлинг Халанд стигна до 28 гола во 22 меча во европското елитно натпреварување во првото полувреме. Халанд го отвори резултатот веќе во 7. минута, за да го удвои водството во 32. минута, а само седум минути подоцна, Давит Хочолава си постигна автогол за 3:0. Тимот на Пеп Гвардиола не застана – Ријад Марез во 55. минута од пенал зголеми на 4:0, за во 76. минута да му асистира на Хулијан Алварез за 5:0.

Актуелниот шампион Реал Мадрид дојде во водство од 2:0 преку бразилските таленти Винисиус Жуниор и Родриго дојдоа до брзо 2:0 водство против Шахтјор, но украинскиот тим ги остави нервозни до крајот откако Зубков во 39. минута намали на 2:1. Јувентус исто така рутински дојде до 3:1 победа над Макаби Хаифа благодарение на двата гола на Адриен Рабио, но ПСЖ и покрај прекрасниот гол на Лео Меси, се задоволи само со 1:1 реми на гости кај Бенфика.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Е
Челси – Милан 3:0
ГРУПА Ф
Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 2:1
ГРУПА Г
Манчестер сити – Копенхаген 4:0
Севилја – Борусија Дортмунд 1:4
ГРУПА Х
Бенфика – Пари Сен-Жермен 1:1
Јувентус – Макаби Хаифа 3:1

Share
Scroll to Top