Челси го потврдија Тухел, тој веќе одработи еден тренинг!

Челси го потврдија Тухел, тој веќе одработи еден тренинг!

пред 4 години

Челси го потврдија именувањето на германскиот стручњак Томас Тухел како замена за Френк Лампард, оставајќи му предизвик да изгради тим со скапите засилувања кој е само деветти во Премиер лигата и првата и главната цел ќе му биде да обезбеди фудбал во Лигата на шампиони.

47-годишниот Тухел доби отказ од Пари Сен-Жермен на католички Бадник и покрај тоа што минатата сезона ја освои втората титула со нив и ги однесе до првото финале во Лигата на шампиони во историјата. Тој потпишува само 18-месечен договор со клубот од западен Лондон, за разлика од Лампард, кој во 2019 доби тригодишен доовор.

Тухел веќе го одработи првиот тренинг со тимот и ќе биде на клупата на мечот против Вулверхемптон во Премиер лигата.

Тухел како тренер е познат по неговата тактичка флексибилност, и фокусирањето на искористување на грешките на противникот, правејќи целосни промени на формацијата по неколку пати во текот на еден меч. Тој најчесто користи 4-3-3 формација, иако играше и со 4-2-2-2, 3-5-2 и 4-1-4-1.

Со 4-3-3 форматот сигурни во неговата игра се Жоргињо (кого го сакаше во ПСЖ) со Мејсон Маунт, Матео Ковачиќ или Н’Голо Канте на помош. Напред, Каи Хаверц би требало да игра како главен напаѓач со поддршка од Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ.

Share
Scroll to Top