Челси е последниот четврт-финалист во ФА купот

Челси е последниот четврт-финалист во ФА купот

пред 6 години

Челси на Томас Тухел имаа лошо прво полувреме, во кое дозволија второлигашот Барнсли да има подобри шанси за победа, но на крајот стигнаа до 1:0 победа и до пласман во четврт-финалето на ФА купот.

Во првото полувреме, „подзаборавениот“ Кепа Аризабалага на голот беше најзаслужен што Барнсли не беше во водство во разочарувачки 45 минути, но во второто „сините“ го кренаа темпото, и во 64. минута од мечот Теми Абрахам по асистенција на Рис Џејмс го постигна својот четврти гол во ФА купот оваа сезона.

За борба за полуфинале, Челси ќе го пречека последнопласираниот тим од Премиер лигата, Шефилд јунајтед.

Share
Scroll to Top