Челси и Интер се договориле – Лукаку се враќа во Италија на позајмица од 8 милиони евра

Челси и Интер се договориле – Лукаку се враќа во Италија на позајмица од 8 милиони евра

пред 2 години

Ромелу Лукаку следната сезона ќе игра повторно за Интер по неуспешното враќање во Челси, тврдат повеќе англиски и италијански извори, откако англискиот клуб се согласил за позајмица вредна 8 милиони евра плус различни бонуси.

29-годишниот Белгиец ангажираше адвокат за да го примора трансферот и ќе добие далеку пониска плата на „Сан Сиро“, откако новиот газда на Челси го поставил неговиот трансфер како приоритет за почеток на нова ера на „Стемфорд Бриџ“. За Челси, ова значи тргнување на сумата од 325.000 фунти неделна плата по распадот на односите на Лукаку со менаџерот Томас Тухел. Ова значи дека Лукаку ќе игра за Интер, додека Челси уште ги исплаќа годишните рати од 23 милиони евра за неговиот трансфер.

Челси ќе се обиде да најде нов напаѓач во Рахим Стерлинг од Манчестер сити, иако имаат опција да го вратат сопствениот фудбалер Армандо Броја од Саутемптон.

Со ова се става крај на една од најчудните „саги“ во модерниот фудбал – Лукаку тврдеше дека се враќа во Челси за да ги поправи грешките од минатото, но уште во декември даде интервју во кое зборуваше за желбата да се врати во Интер, нешто што предизвика и навивачите на „сините“ да се свртат против него. И покрај сите проблеми, тој беше најдобриот стрелец на Челси минтата сезона со 15 постигнати голови.

Share
Scroll to Top