Европскиот и светски клупски првак Челси се вклучува во трката за ангажман на офанзивниот играч за врска на Лајпциг, Кристофер Нкунку. Младиот офанзивец во 2019 години го напушти ПСЖ, но се пронајде во дресот на Лајпциг и со одлични игри го привлече вниманието на цела Европа.
Нкунку на 35 натпревари оваа сезона постигна 25 гола и подели 12 асистенции и за него сериозен интерес појавуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Но, сега во трката за неговиот потпис се вклучува и Челси.
Лајпциг е подготвен да го продаде на лето, но само доколку некој од заинтересираните клубови плати отштета од 75 милиони евра.