Челси се врати на победите, „настрадаа“ Вест хем

Челси се врати на победите, „настрадаа“ Вест хем

пред 3 години

Челси по два порази во низа во Премиер лигата, се вратија на победите со 3:0 победа над Вест хем во понеделничкото лондонско дерби.

Тијаго Силва со својот втор гол во дресот на „сините“ донесе водство за тимот на Френк Лампард, по што Теми Абрахам со два гола за две минути во финишот на натпреварот (78. и 80. минута) го потврди триумфот на Челси.

Со победата, Челси „скокна“ на петтото место на табелата со 25 поени, еден помалку од Манчестер јунајтед и Евертон пред нив и шест зад лидерот Ливерпул. Вест хем, пак, остануваат десетти со 21 поен.

Share
Scroll to Top