Червар: Јас го открив Циндриќ, а кога ми треба – него го нема!

Червар: Јас го открив Циндриќ, а кога ми треба – него го нема!

пред 3 години

„Го почитувам Циндриќ, јас го открив и го доведов во Металург, кој знае кај ќе беше сега, дали ќе играше за Барселона или ќе останеше во Огулин. Но кога ми треба, него го нема. Се повреди во 2019, па и минатата година, сега третпат.
Често кога тренираме кога ќе го прашам за состојбата вели дека му треба уште половина час, па уште 20 минути, па уште 10, уште 5“ рече меѓудругото Лино Червар во интервју за хрватски „24сата“.

Селекторот на Хрватска во заминување не се согласува со тврдењето на капитенот Домагој Дувњак дека на хрватската селекција и треба добар ресет пред квалификациите за Олимписките игри.

„Сметам дека пристапот не смее да е таков затоа што сами на себе може да си нанесеме стрес, да не се поставува Токио како императив. За да успееме мора да имаме здрави играчи, а тие да се свесни дека во клубовите мора повеќе да се ангажираат и да се подготват за турнирот. На новиот селектор, кој и да е, треба да му се даде доверба“ порача Червар.

Share
Scroll to Top