Кошаркарите на Црвена Звезда ја освоија титулата во АБА лигата во тековната сезона откако во мајсторката во петокот ја победија Будуќност во Белград. Покрај меѓубројните честитки, стигна и онаа од претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија – Перо Антиќ.
Македонската кошаркарска легенда познато е дека е голем „ѕвездаш“, но сепак неговата честитка стана хит на интернет затоа што тој во неа навивачки се распеа:
„Секоја чест момци, сите честитки за фантастичната сезона во АБА лигата и освојувањето на петтата шампионска титула во Јадранската лига. Пред се за претседателот на КК Црвена Звезда, господин Небојша Човиќ и сите членови на секцијата за новиот трофеј во богатата историја на клубот. Посебен поздрав за оние без кои оваа титула не би била реалност – ДЕЛИИ, до капитенот Бранко Лазиќ и потпретседателот на клубот од Мал Калемегдан, Марко Кешељ.
Добро знај дека секогаш сум тука јас,
Добро знај дека никогаш,
да те оставам и заборавам
Добро знај дека секогаш сум тука јас“ стои во писмото од КФМ потпишано од Перо Антиќ.
Еве како изгледа честитката: