Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин откри дека намерата организацијата е навивачи да има на секој натпревар на ЕУРО 2020. Завршниот турнир треба да се одржи од 11.јуни до 11.јули во 12 европски држави. Чеферин рекол дека УЕФА го има правото да го смени местото на одигрувањето на одреден натпревар.
„Доколку еден град предложи таму натпревар да се игра без публика, тој натпревар може да биде преместен на друга локација каде што постои можност да се игра пред публика“, рекол Чеферин.
„Секој град домаќин мора да гарантира присуство на навивачи“.
Ова значи дека постои можност ЕУРО 2020 наместо во 12, да се игра во 10 или 11 држави.
Градовите домаќини добија рок од УЕФА до 7.април да го објават планот, а УЕФА на 19.април ќе донесе конечна одлука на годишниот конгрес.