Чудна баба – патувала 4 часа само за да се фотографира со Хабиб

Чудна баба – патувала 4 часа само за да се фотографира со Хабиб

пред 3 години

Хабиб Нурмагомедов се повлече од ММА борбите како еден од најголемите борци на сите времиња. По 29-тата победа во кариерата, во октомври лани одлучи да заврши со борбите, но се уште во овој спорт е вклучен како тренер на свои роднини и пријатели.

Хабиб минатата година стекна многу фанови во САД, а доказ за тоа е 66-годишната Нели Гонзалез од Калифорнија која имала огромна желба да го запознае популарниот спортист.

Бабата патувала 4 часа за да дојде пред седиштето на УФЦ во Лас Вегас носејќи транспарент на кој пишувало:

„Хабиб, те молам застани за да се фотографираме“.

Шефот на УФЦ ја забележал жената пред зградата, па одлучил да реагира и да ја спои со Дагестанецот. На крајот желбата и се исполнила.

„Да го запознаеш него за мене е се на светот. Не можам со зборови да го опишам моето чувство, како е да запознаеш некого на когу си му голем фан“ вели Гонзалез.

Share
Scroll to Top