Шалке без победа во 22 меча од Бундеслигата!

Шалке без победа во 22 меча од Бундеслигата!

пред 3 години

Шалке ќе почека да ја оствари својата прва победа во новата сезона, откако нивната неверојатна лузерска серија продолжи против Штутгарт со 1:1 ремито, и сега славниот клуб од Гелзенкирхен има дури 22 бундеслигашки меча без триумф.

„Кралските сини“ во тој период сменија и тренер, но ниту Мануел Баум не успеа да ја „сврти“ работата – сега Шалке имаат две ремија во шест кола оваа сезона.

А, работите тргнаа добро за Шалке – Малик Тиав во 30. минута ги донесе во водство, нивно прво оваа сезона, по еден слободен удар за домаќините. Штутгарт успеа да израмни во 56. минута преку Николас Иван Гонзалез со гол од пенал.

Штутгарт сега се четврти со 9 поени, додека Шалке се на претпоследното место со два поени и само Мајнц се зад нив (со пет порази во пет меча).

Share
Scroll to Top