Шекил вложува пари во опасен спорт – бокс без ракавици

Шекил вложува пари во опасен спорт – бокс без ракавици

пред 4 години

Еден од најпознатите кошаркари на сите времиња Шекил О`Нил одлучи дел од своите пари да ги вложи во нов, брзорастечки спорт. Се работи за бокс без ракавици кој според многумина е класична тепачка со многу скршеници и крв, нешто што не доликува на спорт.

О`Нил бил виден на една од таквите приредби (Bare Knuckle Fighting Championship – BKFC). Иако многумина сметале дека тој е таму поради љубопитност, сепак се чини дека популарниот Шек дошол со намера да го проучи бизнисот во кој сака да ги вложи парите.

„Ова е најдобрите, најтврдите спортисти на светот. Не користат ракавици, затоа се најтврди. Мислам дека ова е иднината на боречкиот спорт. Тие се борат баш онака како што борбите би требало да изгледаат“ изјави О`Нил за „USA Today“.

И од боксерската организација (BKFC) се воодушевени од интересот на популарниот екс-кошаркар. Очекуваат Шекил многу да помогне во афирмацијата на овој спорт.

Share
Scroll to Top