Поранешниот напаѓач на Унион Берлин, Шералдо Бекер го реализираше трансферот во Реал Сосиедад, потврдија клубовите. Сосиедад плати три милиони евра за овој трансфер.
Причина за нешто поповолното купување на шпанскиот клуб е фактот што на Бекер договорот му истекуваше на крајот од сезоната, па тој беше продаден далеку под пазарната вредност.
Бекер е рекордер на берлинскиот клуб по вкупен број на голови и асистенции во Бундеслигата, на 37 натпревари постигна 18 гола и забележа 19 асистенции.
Во текот на кариерата играше и за АДО Ден Хаг и Зволе, а кариерата ја започна во младинската школа на Ајакс.
Бекер ќе го носи бројот 11 во Сосиедад.