Мерцедес се соочува со непланирани проблеми во пресрет на трката во Нинбургринг. Откако вчера еден член на тимот имал позитивен тест на коронавирусот, денес откако биле извршени нови тестирања тимот соопшти дека уште шестмина се заразени со вирусот Ковид-19.
Заразените се испратени во карантин, а заедно со нив биле испратени уште четворица од тимот кои имале непосреден контакт со заразените.
Мерцедес од Велика Британија повика шестмина нови луѓе кои само за оваа трка ќе ги заменат заразените.
Од Мерцедес соопштија дека соработуваат со челниците на Ф1 и дека внимателно ја следат ситуацијата. Загриженост искажал и актуелниот шампион Луис Хамилтон.
„Тешко мие, знам колку тие луѓе му значат на тимот. Напорно работат секоја недела. По трката во Германија ќе имаме пауза од две недели, искрено се надевам дека дека ќе бидат со нас на следната трка“, рекол Хамилтон.