Шкендија вечерва против Мура

Шкендија вечерва против Мура

пред 3 години

Шкендија, вечерва, ќе ја започне европската авантура во новата сезона. Првакот на Македонија, во Скопје, ќе ја пречека Мура, во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

„Се подготвуваме добро за овој предизвик. Мислам дека можеме да се надеваме на успешен европски старт“, изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Репрезентативецот Егзон Бејтулаи, е оптпимист, смета дека со колективна игра, Шкендија ќе се пласира во втората рунда.

„Искуството е на наша страна, но нема да биде лесно. Мура има добра тим, за да ја поминеме оваа пречка мора да одиграме колективно“, вели капитенот на Шкендија.

Дуелот на нашиот најголем стадион ќе започне во 20 часот. Реваншот во Словенија ќе се одигра за седум дена.

Фото/kfshkendija.com

Share
Scroll to Top