Шкендија и Македонија ЃП ги дознаа можните ривали за третото коло во КЛ

Шкендија и Македонија ЃП ги дознаа можните ривали за третото коло во КЛ

пред 2 години

Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Македонија ЃП, ги дознаа можните ривали за третото квалификациско коло во ова натпреварување. Шкендија сега ја очекува двомеч со Валмиeра, а Македонија ЃП ќе се сретне со ЦСКА Софија.

Доколку Шкендија ја елиминира Валмиeра од Летонија, во третата рунда ќе ја очекува дуел со победниците од мечевите Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс), Брајдаблик (Исланд) – Будуќност (Ц.Гора), Мадервил (Шкотска) – Слиго Риверс (Ирска), АИК (Шведска) – Ворскла (Украина).

Ако Македонија ЃП биде подобра од ЦСКА Софија, тогаш следен ривал може да биде Лугано (Швајцарија) или победниците од мечевите Каират(Казахстан) – Кишварда (Унгарија), Арис Лимасол (Кипар) – Нефчи Баку (Азербејџан), Вележ (БиХ) – Хамрун Спартанс (Малта), Расинг Унион Луксембург (Луксембург)- Чукарички (Србија).

Share
Scroll to Top