Шкодран Мустафи ја засилува одбраната на Шалке 04

Шкодран Мустафи ја засилува одбраната на Шалке 04

пред 3 години

Германскиот фудбалски репрезентативец, Шкодран Мустафи (28) потпишал 6-месечен договор со Шалке 04, јавуваат германските медиуми.

Информациите се дека довчерашниот дефанзивец на Арсенал доаѓа во тимот од Гелзенкирхен на местото на Озан Кабак кој оди на 6-месечна позајмица во Ливерпул.

Информациите се дека Мустафи ги договори личните услови со челниците на Шалке, па се очекува само официјална промоција. Шалке долг период беше без победа, но успеа барем за момент да ја надмине кризата, па сега на 15 кола до крајот на Бундеслигата заостануваат 9 бода од безбедната зона која носи опстанок во лигата.

Мустафи кој не беше прв избор на Артета во Арсенал претходно има настапувано за Валенсија, Сампдорија и Евертон.

Има 20 настапи за селекцијата на Германија, а зад себе има и светска фудбалска титула, од Мундијалот во 2014 година.

Share
Scroll to Top