Словакот Мартин Шкртел е поранешен играч на Ливерпул, поради тоа повеќе ид своите соиграчи од Башакшекир го славеше синоќешниот триумф над Манчестер Јунајтед (2:1), во Лигата на шампионите.
Башакшекир со головите на Демба Ба и Един Вишча во првото полувреме, успеа на крајот да го забележи првиот триумф во Лигата на шампионите.
„Ова е нашата прва победа во ЛШ, би сакале секоја недела да играме против Јунајтед“, рекол 35-годишниот фудбалер.
По првите три кола, екипата на Башакшехир има три поени во групата, колку што има и ПСЖ. Манчестер Јунајтед и Лајпциг се на врвот со по две победи и пораз.