Шкупи го „обели образот“ на македонските екипи во Конференциската лига

Шкупи го „обели образот“ на македонските екипи во Конференциската лига

пред 3 години

Скопски Шкупи е единствената македонска екипа од трите кои денеска настапија во реванш дуелите од првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА која обезбеди пласман во второто коло од квалификациите.

Избраниците на Гоце Седлоски по победата од 2-0 на првиот меч во Скопје против косовски Лапи, вечерва на стадионот „Фадил Вокри“ одиграа 1-1.

Иако домаќинот имаше повеќе од играта во првиот дел и создаде повеќе шанси пред противничкиот гол, сепак Шкупи прв дојде до водство на мечот.

Се играше 78 минута кога Адем по асистенцијата на Ѓоргиевски погоди за гостински 1-0. Вреди да се напомене дека 3 минути пред погодокот на екипата од скопски Чаир, домашните останаа со играч помалку на теренот. Директен црвен картон заработи Емини.

Кратко по примениот гол, фудбалерите на Лапи го израмнија резултатот на 1-1 преку Фазлиу во 84 минута, но немаа сили за уште два гола со кои мечот ќе го однесеа во продолженија.

Во второто коло противник на Шкупи во ова натпреварување ќе е тимот на португалска Санта Клара.

Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкендиај откако беше елиминиран од словенека Мура, во второто коло на Конференциската лига за противник ќе го има тимот на Рига.
Фото: ФБ – ФК Шкупи

Share
Scroll to Top