Шпанките со епски камбек против Чешка, се „протнаа“ и Германките

Шпанките со епски камбек против Чешка, се „протнаа“ и Германките

пред 3 години

Шпанија и Германија обезбедија пласман во втората фаза на Европското првенство во ракомет во Данска, во возбудливи одлучувачки мечеви во третото коло.

Шпанките губеа со пет гола разлика (11:16), но на крајот успеаја да ја совладаат Чешка со 27:24, додека Германките се мачеа до крај и со 22:22 реми со Полска влегоа во втората рунда.

Клучна одлука беше таа на шпанскиот селектор Карлос Вивер да ја смени Силвија Наваро од голот, откако таа имаше само 24 отсто одбрани во првото полувреме и на нејзино место да ја постави Мерседес Кастелјанос, која го предводеше тимот до фантастичниот камбек. Покрај тоа, Кармен Мартин постигна неверојатни 12 гола за „фуријата“, а Нереа Пења додаде 4, додека за Чехинките, кои си одат дома без поени, Маркета Јерабкова имаше 8 гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 3.КОЛО

ГРУПА Б

Шпанија – Чешка 27:24 (11:16)

Русија – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Русија 4, 2.Шведска 3, 3.Шпанија 3, 4.Чешка 0

ГРУПА Д

Германија – Полска 22:22 (9:8)

Норвешка – Романија 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 4, 2.Германија 3, 3.Романија 2, 4.Полска 0

Share
Scroll to Top