Шпански новинар: Винисиус користи тактики што Реал ги презира

Шпански новинар: Винисиус користи тактики што Реал ги презира

пред 9 часа

Винисиус Жуниор (26) се соочува со сериозно предупредување дека неговата тактика во преговорите со Реал Мадрид би можела да значи и крај на кариерата во клубот, по примерот на поранешниот капитен Серхио Рамос. Преговорите за нов договор се во застој, а сегашниот трае уште една година. Ситуацијата ја следи Арсенал, кој е подготвен да му понуди на Бразилецот статус на еден од најплатените играчи во светот.

Стручњаците веруваат дека одложувањето би можело да го испровоцира претседателот на клубот Флорентино Перез, познат по недостатокот на трпение кон играчите кои му се спротивставуваат.

Новинарот Ариц Габилондо објасни во програмата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР дека Винисиус „погрешно ја проценува“ ситуацијата.

Според Габилондо, Бразилецот користи преговарачки тактики што Реал и Перез ги презираат. Тој предупреди дека спротивставувањето на Перез во такви околности е „исклучително комплицирано“ и направи паралела со случајот на Серхио Рамос, кој ненадејно го напушти клубот по неуспешните преговори.

„Ако двете страни сакаат продолжување, договорот е потпишан и приказната е завршена. Некој игра поинаква игра тука. Искрено, ако ја погледнеме историјата на оваа приказна – сетете се на ситуацијата со Саудиска Арабија, а сега одеднаш се појавува Арсенал – јасно е дека едната страна не е целосно искрена на преговарачката маса“, рече Габилондо.

Габилондо додаде дека ова е стратегија што претседателот на Реал не ја толерира.

„Се сеќавам на случајот со Серхио Рамос и многу други. Предизвикувањето на Флорентино Перез во такви околности е исклучително комплицирано“, рече тој. Габилондо вели дека она што му се случи на Рамос може да му се случи на Винисиус.

Рамос, тогаш, побара од клубот продолжување на договорот за две години, додека Реал му понуди едногодишен договор. Иако шпанскиот дефанзивец се предомисли и одлучи да ги прифати условите на клубот, понудата повеќе не беше валидна. Перез гсе повлече, а Рамос, како легенда на клубот, мораше да си замине во 2021 година.

Габилондо инсистира дека парите не се клучното прашање, ниту пак споредбите со платата на Килијан Мбапе.

„Не станува збор за парите, дека Вини заслужува иста плата како со Мбапе, или нешто слично. Само е прашање дали сака да игра за Реал или не. Се чини дека не е така, па мислам дека одлуката е повеќе во рацете на Винисиус отколку во рацете на клубот“, заклучи тој.

Според податоците од „Capology“, неофицијален извор на плати на фудбалерите, Винисиус заработува 25 милиони евра бруто годишно во Реал, без бонуси. Мбапе е најплатениот во клубот со 31,25 милиони евра.

Откако пристигна во Реал од Ботафого за 45 милиони евра во 2018 година, Винисиус има 375 настапи, 128 голови и 100 асистенции.

Минатата сезона, во која Реал не го освои трофејот втора година по ред, бразилскиот фудбалер имаше 53 настапи, 22 гола и 14 асистенции.

„Трансфермаркт“, ја проценува неговата вредност на 140 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top