Шпанците му го продолжија договорот на Де ла Фуенте

Шпанците му го продолжија договорот на Де ла Фуенте

пред 3 месеци

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година, соопшти Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ).

„РФЕФ го информираше селекторот за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на РФЕФ.

Де Ла Фуенте стана селектор на Шпанија во декември 2022 година. Тој дојде на местото на Луис Енрике кој замина по неуспешниот резултата на Светското првенство.

Со репрезентацијата на Шпанија, Де Ла Фуенте ја освои Лигата на нации во 2023 година и се пласираше на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни.

На Европското првенство Шпанија ќе игра во групата Б, со Италија, Хрватска и Албанија.

Share
Scroll to Top