Штефи Граф навива за Новак: Тоа ќе е голема работа за него, но и за тенисот!

Штефи Граф навива за Новак: Тоа ќе е голема работа за него, но и за тенисот!

пред 3 години

Легендарната германска тенисерка Штефи Граф се надева дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да триумфира на САД опен и со тоа да го освои „календарскиот слем“. Токму Граф е тенисерката на која во 1988 година и успеа токму тоа. Од тогаш на ниту еден спортист во тенисот не му успеало тоа.

Ѓоковиќ годинава ги освои титулите во Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Сега е подготвен за историја.
Пред САД опен таа открива дека се надева дека Србинот ќе успее во подвигот. Зборовите на Германката ги пренесе австралиската тенисерка Рене Стабс.

„Штефи не се огласува често, но се допишувавме. Рече дека се надева дека Новак ќе успее, затоа што тоа би била голема работа и за него, но и за тенисот“ изјавила Стабс.

Ѓоковиќ на САД опен ќе има можност да го освои 21. грен слем трофеј во кариерата и со тоа да биде на врвот на вечната ранг листа во машка конкуренција. Рафаел Надал и Роџер Федерер имаат по 20 титули.

Share
Scroll to Top