Што бараат тука Меси и Роналдо? Наградата треба да ја добие Левандовски“

Што бараат тука Меси и Роналдо? Наградата треба да ја добие Левандовски“

пред 3 години

Светската фудбалска организација, ФИФА, вечерва ќе ја додели наградата „The Best“. Во конкуренција за најдобар играч во светот останаа Кристијано Роналдо, Лионел Меси и најголемиот фаворит Роберт Левандовски.

Фудбалскиот свет нема дилема дека наградата треба да замине кај Полјакот од Баерн Минхен, Левендовски.

„Ако Левандовски не ја добие наградата повеќе нема да и верувам на ФИФА. Не можете да направите повеќе од она што тој го направи. Освои се што можеше да се освои, Меси со Барселона не освои ништо“, рекол легендарниот Германец, Лотар Матеус.

Многу пожесток во критиките е поранешниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов.

„Што бараат Меси и Роналдо меѓу финалистите? Не сум сигурен дека заслужуваат да бидат тука. Наградата треба да заврши во рацете на Роберт Левандовски. Тој ја заслужи, не верва дека некој друг ја заслужи наградата повеќе од него“, рекол Бербатов.

За разлика од Матеус и Бербатов, претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге е претпазлив, свесен е каква конкуренција има Левандовски.

„Роберт ја заслужува наградата. Имаше неверојатна сезона. Сепак Меси и Роналдо имаат предност во другите делови од светот, во Африка, Азија и Јужна Америка. Натпреварите на нивните клубови таму повеќе се прикажуваат него натпреварите на Баерн“, рекол Румениге.

Наградата „The Best“ ќе биде доделена вечерва од 19 часот.

Share
Scroll to Top