Шумахер нема да вози на Големата награда на Саудиска Арабија

Шумахер нема да вози на Големата награда на Саудиска Арабија

пред 3 години

Возачот на Хас, Мик Шумајер, нема да вози на утрешната трка за Големата награда на Саудска Арабија.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, имаше страшен судир, во втората квалификациска сесија. Го уништи болидот, но за среќа мина без повреди.

По инцидентот, најпрвин беше префрлен во медицинскиот центар крај патеката, а потоа со хеликоптер беше однесен во болницата во Џеда. Прегледите покажале дека минал без повреди.

Сепак неговиот болид претрпе големи оштетувања, инженерите нема да можат да го поправат до утре, поради што ќе ја пропушти трката.

Од Хас, соопштија дека допрва ќе се утврдува штетата на болидот и дека не се сигурни дали ќе можат да го стават во погон за наредната трка во Австралија.

Хас, на утрешната трка од 19 часот ќе настап со еден болид. Кевин Магнусен трката ќе ја стартува од десеттото место.

Страшен судар на Мик Шумахер во Џеда

Share
Scroll to Top