Ѓоковиќ загуби сет па го декласираше Беретини

Ѓоковиќ загуби сет па го декласираше Беретини

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полу-финалето на Ју-ес опен. Првиот носител во четири сета 5/7, 6/2, 6/2, 6/3 го победи Матео Беретини. Ова е трета победа на последните три гренд-слем турнири која Ѓоковиќ, со ист резултат, ја забележа над Беретини. Србинот претходно славеше во четврт-финалето на Ролан Гарос и во финалето на Вимблдон.

Првиот сет беше фантастичен, траеше 77 минути, четири гема се играа повеќе од осум минути. Беретини клучниот брејк го направи во 11 гем.

По епската борба, италијанскиот тенисер се умори, Ѓоковиќ го крена нивото на својата игра и до крајот на мечот се поигруваше со својот противник.

Првиот носител, во наредните два сета направи по два брејка, направи пресврт, а во четвртиот сет, брејкот во вториот гем беше доволен за конечна победа.

Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против Александар Зверев.

Share
Scroll to Top