Ѓоковиќ испиша историја на „Артур Еш“

Ѓоковиќ испиша историја на „Артур Еш“

пред 3 месеци

Новак Ѓоковиќ урна уште еден рекорд во Њујорк откако во првото коло го победи Раду Албот.

Ѓоковиќ, стана играч со најмногу триумфи во историјата на стадионот Артур Еш. Тој стигна до неверојатни 78 победи на најголемиот тениски објект на планетата.

„Не го знаев тој факт, ова е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт. Ноќните сесии се одлични, неверојатна енергија, благодарност до сите што дојдоа. Среќен сум за уште едно интересно достигнување“, изјави Ѓоковиќ.

На прашањето која е тајната на неговиот успех на 37 години, Новак одговори малку филозофски.

„Тоа не може да се објасни со една реченица. Не е тајна, тоа е начин на живот, како му приоѓам на тенисот. Од извонредни луѓе научив за превенција, истегнување, подготовка, како да се грижам и сега се ми се враќа. Телото е еден дел, менталниот аспект е друг. Сакам да играм, често сум критичен кон себе, но сепак давам 100 проценти кога ќе стапнам на теренот.“

Share
Scroll to Top