Ѓоковиќ го избегна најлошото, но повторно го чека пекол во Париз: Ждрепката му даде шанса на Новак за „одмазда“

Ѓоковиќ се огласи по повлекувањето: „Играв со срце“

пред 4 месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи по одлуката да се повлече од Ролан Гарос.

„Со тага можам да објавам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце и дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал, поради скинат медијален менискус на десното колено, јас и мојот тим моравме да донесеме тешка одлука по внимателно разгледување и консултација. Им посакувам многу среќа на играчите кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им благодарам на прекрасните навивачи за сета љубов и поддршка“, рече Новак.

Ѓоковиќ заработи повреда на осминафиналето против Франциско Серундоло, а по магнетна резонанца реши да се повлече од турнирот.

Се уште е прашање на шпекулации колку долго ќе биде на пауза, но се чини малку веројатно дека ќе игра на Вимблдон, кој почнува на 1 јули.

Неговата главна цел се Олимписките игри кои започнуваат на 26 јули, но и тие сега се под голем знак прашалник.

Share
Scroll to Top