Ѓоковиќ се откажа од борбата за бронзата во микс-дубл

Ѓоковиќ се откажа од борбата за бронзата во микс-дубл

пред 3 години

Српскиот микс-дубл, Нина Стојановиќ и Новак Ѓоковиќ, се откажаа од мечот за бронзениот медал. Третото место, во оваа конкуренција им припадна на Ешли Барти и Џон Пирс од Австралија.

Ѓоковиќ не е во состојба да игра, бидејќи пред еден час играше два часа и 50 минути против Пабло Карењо-Буста.

Шпанецот победи со 2:1 и ја освои бронзата.

Ѓоковиќ решил да се повлече поради уморот и повредата на рамото.

Новак Ѓоковиќ со големи амбиции допатува на Олимписките игри, на крајот Токио ќе го напушти без освоен медал.

Share
Scroll to Top