Ѓоковиќ чекор поблиску до рекордот на Федерер

Ѓоковиќ чекор поблиску до рекордот на Федерер

пред 3 години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за уште еден чекор се доближи на рекордот што го држи Роџер Федерер. Ѓоковиќ, во понеделникот, ја започна 293 недела на челната позиција, на АТП листата. Федерер, во кариерата, 310 недели бил број 1.

Ѓоковиќ на врвот има 11.830 поени, втор е Рафаел Надал со 1.980 поени помалку. Српскиот тенисер веќе го има обезбедено првото место на крајот од оваа година. Шести пат во кариерата, Ѓоковиќ, сезоната ќе ја заврши како број 1.

Меѓу најдобрите десетмина на АТП листата има само една мала промена. По турнирот во Виена, позициите ги сменија Данил Медведев и Стефанос Циципас.

АТП, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ, Србија 11.830
2. Рафаел Надал, Шпанија 9.850
3. Доминик Тим, Австрија 9.125
4. Роџер Федерер, Швајцарија 6.630
5. Данил Медведев, Русија 5.980
6. Стефанос Циципас, Грција 5.925
7. Александар Зверев, Германија 5.015
8. Андреј Рубљов, Русија 3.838
9. Диего Шварцман, Аргентина 3.285
10. Матео Беретини, Италија 3.075

Share
Scroll to Top