Ѕвездата на Баерн, Коман на операција на срцето

Ѕвездата на Баерн, Коман на операција на срцето

пред 3 години

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Кингсли Коман морал да оди на итна мала операција на срцето, признава тренерот Јулијан Нагелсман, откако кај Французинот се појавила аритмија и би требало да се врати на теренот за неколку недели.

Нагелсман инсистира дека Коман имал само мало нарушување на срцевиот ритам и дека се работело за мала процедура за која нема да има долга пауза.

„Кинг имаше операција вчера поради мало нарушување на ритамот на срцето. Можам малку да објаснам со моето медицинско познавање. Има две нишки кои ја активираат синусоидата, и една од нив беше исечена. Се работи за брзо решение, и веќе во вторник ќе почне со кардио-тренинзите. Знам дека звучи драматично, но не е така. Има мала рана. Многу луѓе го имаат тој проблем, но прави разлика кога имаш напор, за разлика од мене, кому најголем напор е да станам до фрижидерот да земам пиво“, вели Нагелсман.

Share
Scroll to Top