Јакин доби нов договор

Јакин доби нов договор

пред 3 месеци

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија го продолжи договорот со селекторот на репрезентацијата Мурат Јакин до 2026 година.

Националниот сојуз со нов договор го награди Јакин за добриот резултат на Европското првенство во Германија. Швајцарија дојде до четвртфиналето, каде по изведувањето пенали испадна од Англија.

Покрај со Јакин, Сојузот му го продолжи договорот и на првиот асистент Џорџо Контини.

Јакин три години ја води репрезентацијата на Швајцарија, а се шпекулираше дека имало тензии во тимот за време на квалификациите за турнирот во Германија. Тој наводно бил контактиран од саудиски клуб.

Швајцарија постигна добри резултати во Германија, го заврши натпреварувањето без пораз, а беше елиминирана по изведувањето на пенали на натпреварот против Англија.

Швајцарија има само еден пораз на последните 19 натпревари под водство на Јакин.

Share
Scroll to Top