Јамаха се подготвени за новата сезона

Јамаха се подготвени за новата сезона

пред 4 години

Јамаха, он-лајн, ги претстави моторите, со кои во новата сезона Маверик Вињалес и Фабио Квартараро, ќе се обидат да ја нападнат шампионската титула.

Моторите речиси и да не претрпеа измени, боите останаа исти, а тимот успеа да го задржи и главниот спонзор.

Јамаха, лани немеша добра сезона, иако возачите на Јамаха и сателитскиот тим Петронас Јамаха, победија на седум од 14 трки.

Најдобар на крајот беше Франко Морбидели, кој возеше една година стар модел. Тој во генералниот пласман заврши на второто место, веднаш за шампионот Џоан Мир од Сузуки.

Квартараро добро влезе во сезоната, со три победи, но потоа падна во формата и на крајот заврши на осмото место. Вињалес, забележа една победа, а во генералниот пласман го осови шестото место.

Наредната недела, новите мотори треба да ги претстават и од Петронас Јамаха. За овој тим покрај Франко Морбидели ќе вози и легендарниот Валентино Роси.

Share
Scroll to Top