Кошаркарите на Грција се блиску до освојувањето на првата позиција во Ц-групата на Европското првенство. Во дербито, во Милано, Грција ја победи Италија со 85:81.
Грците, благодарение на одличната игра во одбраната, постојано без во водство.
Во првото полувреме ја одржуваа разликата на седум поени. В второто полувреме дојдоа и до двоцифрена предност.
Италија во живот ја врати Симоне Фонтекио со две тројки. Грците сепак го одбија тој налет.
И кога се чинеше дека Грција рутински ќе го финишира натпреварот, Италија повторно преку Фонтекио се врати. Дојдоа до негатива од три поени, имаа два шута за продолженија (Фонтекио и Тонуто) но не успеаја да погодат.
На крајот најефикасен беше Фонтекио со 26 поени, додека Полонара имаше 14 поени и 10 скока, а Тонут постигна 13 поени.
Во грчкиот тим Јанис Адетокумбо постигна 25 поени и 11 скока, додека Тајлер Дорси реализираше 23 поени. Натурализираниот Американец погоди шест тројки од 10 обиди.