Јанис уште еднаш го доби дуелот со Дурент и Ирвинг, Хардавеј и Дончиќ им пресудија на Мајами

Јанис уште еднаш го доби дуелот со Дурент и Ирвинг, Хардавеј и Дончиќ им пресудија на Мајами

пред 3 години

Кошаркарите на Милвоки Бакс, повторно го добија дербито со Бруклин Нетс. Во неделата, Бакс победија со три поени разлика, а изминатата ноќ со резултат 124:118. Јанис Адетокумбо, уште еднаш ја доби битката со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг.

Гркот, во саботата, блескаше со 49 поени. Синоќа тој ги предводеше Бакс со 36 поени, 12 скока и четири асистенции. Јанис помош доби од Крис Мидлтон (23 поени), Џру Холидеј (23 поени, осум скока, 10 асистенции) и Донте Дивиченцо (10 поени, 15 скока).

На спротивната страна Дурент и Ирвинг заедно постигнаа 70 поени. Дурент уфрли 38, а Ирвинг 32 поени.



Второто дерби, на Флорида го одиграа Мајами Хит и Далас Маверикс. Предводени од тим Хардавеј јуниор и Лука Дончиќ, Маверикс славеа победа 127:113.

Хардавеј јуниор со 36 поени беше најефикасен играч на натпреварот, тој постигна 10 тројки од 18 обиди. Дончиќ натпреварот го заврши со 23 поен, 12 скокови и осум асистенции.

Мајами со по 19 поени го предводеа Горан Драгиќ и Данкан Робинсон.

Резултати:

Шарлот-Детроит 102:99
Финикс-Кливленд 134:118
Голден стејт-Њу Орлеанс 103:108
Сакраменти-Оклахома 103:99
Торонто-ЛА Клиперс 100:105.

Share
Scroll to Top